2 лекa го спречуваат развојот на Алцхајмеровата болест: Научниците открија добитна комбинација – дава неверојатни резултати

Научниците тврдат дека комбинација од два лека би можела да ја лекува и спречи Алцхајмеровата болест.

Тим американски истражувачи од Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско идентификуваа два лекови против рак, летрозол и иринотекан, кои би можеле да ја запрат, па дури и да ја поништат Алцхајмеровата болест, најчестата форма на деменција.

Користејќи напредни компјутерски методи, научниците ги споредиле генските промени кај пациенти со Алцхајмерова болест со ефектите од лековите и откриле дека овие лекови го намалуваат оштетувањето на мозочните клетки кај глувците, ја обновуваат меморијата и ги разградуваат токсичните протеински грутки што ја предизвикуваат болеста.

Тие, исто така, ги прегледале медицинските картони на 1,4 милиони постари лица и откриле дека оние кои ги користеле овие лекови имале помал ризик од развој на Алцхајмерова болест, пишува TheSun . 

Летрозолот се користи за рак на дојка, а иринотеканот за рак на дебело црево и бели дробови, а двата се достапни во Велика Британија.

Откритието би можело да ги забрза клиничките испитувања и да доведе до нови терапии за милиони заболени, бидејќи во моментов во Велика Британија нема лекови што го запираат прогресијата на болеста, туку само оние што ги ублажуваат симптомите.