Не се плашам од смртта иако сум опкружена со неа, вели Британката Сара Велс, која повеќе од 20 години работи како докторка за палијативна нега.
Во својата кариера, како што еднаш откри во интервју за Телеграф, се грижела за околу 2.000 луѓе кои биле смртно болни.
– Еден од знаците дека луѓето се поблиску до крајот е кога ќе почнат да зборуваат дека се гледаат со починати членови на семејството. Не сум религиозна, но ова ми ја зајакна вербата дека има нешто после смртта – вели докторката, која моментално работи на палијативна нега во Солихал.
– Кога ќе ми кажат дека ја виделе својата мајка, дете или домашно милениче… Тоа делува смирувачки за нив. Знам дека им остануваат уште неколку дена или само неколку часа. Пациентите многу ми зборуваат за Бог – тврди доктор Велс.
Таа рече и дека луѓето кои виделе како некој умира знаат дека имаат поголем страв од смртта …
– Да им објасниме дека умирањето е генерално мирен процес, луѓето стануваат поспани додека органите им се исклучуваат и потоа паѓаат во несвест. Те слушаат и го чувствуваат допирот на твојата рака, но веќе не можат да комуницираат – тврди докторката.
Таа откри и за што луѓето најмногу жалат пред да умрат.
– Затоа што не поминуваа доволно време со своите семејства. Не се каат за работите што ги направиле, само за нештата што не ги направиле – вели докторката.
На крајот, таа рече дека многу луѓе сакаат да ги имаат со себе своите миленици во последните мигови…
– На една жена и’ овозможивме последен пат да го види својот коњ и да се збогува со него – заклучува доктор Велс.