Иако најчесто се јаде само, овошјето од путер од кикирики се меша во пијалоци со млеко или се готви за џемови и намази…
Јужноамериканското овошје наречено овошје од путер од кикирики има вкус исто како што сугерира неговото име – како кикиритки. Зелените топчиња созреваат до портокалови и црвени нијанси и наликуваат на чери домати, со желатинозна пулпа која се крие внатре .
Покрај вкусот на кикиритките, препознатлива е и нота на бобинки. Иако најчесто се јаде самостојно, овошјето од путер од кикирики се меша во млечни напитоци или се готви во џемови и намази. Ова егзотично овошје кое има вкус на кикиритки потекнува од Андите, каде најмногу се одгледува како украсно растение, но може да се јаде и кога ќе поцрвени и ќе омекне.
Плодот од путер од кикирики расте на грмушки кои можат да пораснат и до девет метри, а потребни се три години за да почнат да даваат плод. Нивната сезона е пролет и лето.
Ако патувате во Централна или Јужна Америка, можете да го вкусите, а некои љубопитни луѓе одлучуваат да го нарачаат преку Интернет. Една од љубителите на егзотичното овошје, својата чинија полна со овошје од путер од кикирики ја чекала повеќе од една година и платила околу 100 евра за околу половина килограм.
Освен што го нема во изобилство , една од причините за големата цена е тоа што по созревањето овошјето е чувствително и треба многу брзо да се јаде. Еми го спореди вкусот на овошјето со варени кикиритки; можете да го погледнете нејзиното видео подолу.