22-годишен Македонски државјанин уапсен во Србија поради нелегално поседување муниција

Српската полиција уапси 22-годишен државјанин на Северна Македонија во близина на граничниот премин Батровци со Хрватска поради поседување 313 парчиња муниција со различен калибар, јавија тамошните медиуми.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека македонскиот државјанин е осомничен за недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

Одредена му е мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица.

МакедонијаСрбија