Венера, планетата што симболизира љубов, пари и подароци, го менува знакот на 25 август и влегува во огнен Лав, каде што ќе донесе возбудливо лето за Лавовите, Стрелците и Овенот.
Венера во Лав носи силен , топол и драматичен пристап кон љубовта и врските. Луѓето со оваа позиција зрачат со харизма, сакаат да бидат забележани и восхитувани.
Тие ја доживуваат љубовта како голема сцена каде што сакаат да бидат главна ѕвезда, па затоа често посветуваат многу внимание, но истото го очекуваат и за возврат.
Страст и самодоверба
Тие се страсни, дарежливи и романтични, подготвени да го вложат своето срце во врската и да му дадат на партнерот чувство на уникатност. Понекогаш можат да бидат горди и барачки, бидејќи им е важно да се чувствуваат сакани и ценети. Ги привлекуваат луѓе со стил, самодоверба и силно присуство.
Во врските, тие сакаат искреност, лојалност и постојано одржување на пламенот на страста, а кога сакаат, се трудат таа љубов да биде посебна и незаборавна. Венера ќе остане во Лав до 19 септември, па затоа Лавовите, Стрелците и Овните треба да се подготват за емотивни изненадувања.