3 НАМИРНИЦИ КОИ ЗГОЛЕМУВААТ КИЛОГРАМИТЕ: Фитнес тренер открива што никогаш не јаде или пие, делуваат здраво, но се голема измама

Фитнес тренерот открива кои три намирници се „непријателот“ на слабеењето!

Претходно подготвените смути и шејкови, како и замрзнатите оброци, треба да се избегнуваат ако се обидувате да изгубите килограми, вели тренерот за слабеење од Џорџија.

„Овие намирници за кои гледам дека се конзумираат прекумерно, а не во умерени количини може да го отежнат слабеењето“, рече Џена Рико на TikTok. Таа откри три типа на храна што треба да ги избегнувате доколку сакате да ослабете.
Смути
Американското здружение за срце препорачува да се јаде четири и пол чаши овошје секој ден, но Рико додава дека смути и мусли купени во продавница не се вистински начин.

„Ќе бидат натоварени со многу додаден шеќер, а овошјето и зеленчукот што се користат често се само во прав, така што не јадете вистинска храна“, рече таа.

„Затоа велам, сами правете ги овие работи дома. Ќе користите вистинска храна и нема да им додадете шолја шеќер“, додала таа.

Замрзната храна
„Оваа храна е многу калорична, па тоа значи дека добивате само малку храна за многу…калории. Така, ова може да ја отежне контролата на порциите бидејќи не сакате само малку, ситно парче пица, туку сакате три или четири парчиња“, објасни таа.
Истражувањето ја поврза ултра-обработената храна како замрзната храна со поголем ризик од прерана смрт, срцеви заболувања, дебелина, депресија и други сериозни состојби, пишува New York Post.

Коктели
Пиењето алкохол може да го отежне слабеењето – пијалокот е калоричен, што го спречува согорувањето на мастите.

„Треба да размислите за соковите, сирупите што се додаваат во овие коктели, кои ги зголемуваат калориите. Така, лесно можете да пиете стотици, па дури и илјадници калории во една вечер. И да додадам згора на тоа, ако не знаеш што со себе, ако малку се напиеш, апетитот ти се зголемува“, рече таа на крајот.