3 растенија кои привлекуваат среќа и просперитет во вашиот дом! Мора да ги имате дома

Експертите за фенг шуи советуваат дека мора да имате едно од овие три растенија доколку сакате да привлечете среќа во вашиот дом.

Привлечете љубов, пари и среќа со помош на три магични фенг шуи растенија. Овие растенија не само што ќе привлечат среќа, туку и ќе го направат вашиот дом поубав.

Бамбус

Среќниот бамбус е растение кое лесно се одржува, а мајсторите на фенг шуи веруваат дека привлекува позитивна енергија.

Извиткана верзија на дрво од бамбус го симболизира успехот, додека ако сакате среќна љубов и стабилен брак, ставете два бамбуса во една вазна. За поголем успех и пари во домот, чувајте три или девет бамбуси, а најдобра положба за нив е левиот дел од куќата, кој е најоддалечен од влезната врата.

Орхидеја

Магичниот цвет на орхидеи во фенг шуи се користи за привлекување нова љубов.

Ако сте осамени, искористете ја магијата на орхидејата и чувајте ја во вашата спална соба, на масичката покрај креветот.

Златен бршлен

Златниот бршлен е украсно растение кое одлично се вклопува во секој дом и е идеално за отфрлање на негативната енергија.

„Мртвото“ катче во куќата или празните полици се совршени за златниот бршлен, кој ја отфрла негативноста и привлекува светлина, велат мајсторите на фенг шуи.