Кардиоваскуларните заболувања може да се манифестираат на неочекувани начини, а првите знаци често се забележуваат во стапалата.
Кардиоваскуларните болести секоја година одземаат речиси 18 милиони животи ширум светот, а неочекуваните симптоми на стапалата може да укажуваат на нивното присуство. Американската академија за дерматологија (AAD) посочува три клучни знаци кои можат да се откријат со набљудување на стапалата и прстите.
Отекување на стапалата
Отекувањето на стапалата , заедно со нозете и глуждовите, е еден од можните знаци на срцеви заболувања. Овој медицински феномен познат како едем може да укаже дека срцето не работи правилно.
–
Многу срцеви заболувања предизвикуваат акумулација на течност во стапалата и потколениците. Како што се задржува течноста, отокот може да напредува кон горниот дел од нозете и препоните – вели ААД, пренесува „
Мирор “ .
Според NHS, отокот може да биде помал наутро и поинтензивен во текот на денот.
Сини прсти
Сините прсти може да бидат знак за блокирани крвни садови.
– Кога ви е ладно, вашата кожа може да стане сина или виолетова. Ако вашата кожа е ваква дури и кога ви е топло, тоа може да значи дека вашата крв не добива доволно кислород. Синдромот на синиот прст е предизвикан од блокирање на крвните садови, што може да доведе до смрт на кожата ако не се лекува. Ова нарушување е познато како цијаноза , објаснува ААД.
Болни грутки на прстите
На прстите на рацете и нозете може да се појават болни грутки, познати како Ослерови јазли.
– Овие јазли се јавуваат кај пациенти со инфективен ендокардитис, инфекција на срцето. Можат да траат од неколку часа до неколку дена, но иако поминуваат сами по себе, неопходно е инфекцијата да се лекува со антибиотици. Во некои случаи е потребна и хируршка интервенција – истакнуваат од ААД.