Триесетгодишна девојка од Македонија загина во сообраќајна несреќа во близина на Солун денеска, а три други девојки се повредени, известија грчките медиуми. Дел од македонските медиуми објавуваат дека станувало збор за битолчанки кои патувале за Солун.
Тие објавија видео снимка од автомобилот кој е во катастрофална состојба на следниот линк..
Несреќата се случила околу пладне, неколку километри по излезот Ниселио во правец на Солун. Се судриле неколку автомобили, има повеќе повредени лица и почината жена од Македонија.
Повредените биле пренесени во болница. Една од нив, 27 годишна жена во тешка состојба била веднаш земена за операција, а 25 годишна жена е надвор од животна опасност.
Повреден бил и 74 годишен маж кој го возел вториот автомобил што учествувал во судирот.
Дополнително, една жена била интубиирана од спасувачите на местото на несреќата и веднаш била префрлена во болница во Солун, бидејќи нејзината состојба била многу тешка.