За 13 месеци, 65 пратениците побогати за повеќе од 300 илјади евра… според истражувањето на радио слободна европа – половина од народните избраници кои се дел од актуелниот парламентарен состав, добиле надоместок за патни трошоци…
Највисоката сума исплатена на пратеник е 13.200 евра или нешто над 1.000 евра месечно.
„Податоците покажуваат дека сумата од 303.320 евра – од кои 26.717 за патарини и 276.603 за гориво, е исплатена за 65 од вкупно 120 пратеници од актуелниот парламентарен состав и тие се однесуваат на периодот од денот на одржување на конститутивната седница – 28 мај 2024 до 30 јуни 2025 година.“
Според истражувањето на РСЕ, најмногу пари за патни трошоци земаат пратениците кои живеат најдалеку од Скопје…На пратеникот од Ресен, Кире Божиновски му биле исплатени околу 13.200 евра ..пратеникот Петар Ристески од Прилеп е втор на листата со 12.000 евра..Координаторот на пратеничката група на ВЛЕН , Беким Ќоку, кој доаѓа од Струга, добил околу 10.800 евра ..Слична сума е исплатена и на пратеникот на СДСМ од струга , Јован Митрески …
Во истиот период, биле потрошени и 44.522 евра за девет пратеници кои одлучиле да земат стан под кирија…Сумата што била платена за изминатите 13 месеци се движи од 4.000 до 5.000 евра или во просек 300 и 400 евра месечно… Пратениците кои ќе се одлучат за оваа опција имаат право на надоместок само за четири патувања месечно од и до нивното место на живеење. .
Во претходниот состав, Државната комисија за спречување корупција, објави анализа за патните трошоци на пратениците во периодот од 2015 до 2019 година …според податоците, за пет години, речиси три милиони евра биле потрошени за патни трошоци .. ДКСК тогаш констатираше и дека 23 пратеници имаат сопствени станови или станови на име на членови од нивното потесно семејство кои се лоцирани во Скопје, но и покрај тоа тие пратеници примале надоместоци за користење автомобил за доаѓање и враќање на работа..