Полицијата соопштува детали за 16-годишното девојче кое падна во реката Вардар

На 24.07.2025 година околу 16:30 часот, во Полициската станица Велес било пријавено дека К.П. (29) од Скопје, со привремен престој во село Уланци, општина Градско, и 16-годишно девојче од село Уланци, додека се капеле во водите на реката Вардар во близина на село Уланци, малолетничката паднала низводно.

К.П. се обидела неколку пати даја извлече, но не успеа.

Веднаш по пријавата, полицијата од СВР Велес, во координација со „СИ Тигри“, Единицата за специјални намени на Армијата „Волци“, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица и кајакари од велешкиот кајакарски клуб, започнаа потрага за пронаоѓање на девојчето.