Италијанскиот фудбалер Џоакино Џардина го постигна еден од најбрзите голови во историјата на фудбалот, а секако и најбрзиот во историјата на Италија, пишуваат тамошните медиуми.
По почетокот на натпреварот, споменатиот играч веднаш шутираше од центарот и го фати противничкиот голман на спиење.
„Овој историски ден го затвораме со голот кој го постигна капитенот Џардини за само 3,81 секунди, со кој ги сруши сите италијански рекорди за најбрз гол и влезе во топ 10 најбрзи во светот“, напишаа на официјалната веб-страница на овој италијански нисколигаш. .
Досега рекордот во Италија го држеше фудбалерот на Милан, Рафаел Леао, кому му беа потребни само 6,76 секунди на мечот против Сасуоло во декември 2020 година за да постигне гол.
Светскиот рекорд за најбрз гол во историјата на фудбалот го држи Гевин Стоукс, кому му беа потребни само 2,1 секунда за да постигне гол на мечот меѓу Мерихил и Клајдбенк во 2017 година.
Вториот е Вук Бакиќ, кој постигна гол по 2,2 секунди на мечот од 2. српска лига во 2012 година, а трет е Марк Бароус, на кој во 2004 година му беа потребни само 2,56 секунди за да постигне гол.