4 навики за жени над 50 години: Еве што треба да јадете секој ден

Правилно избраната храна може да ви помогне да се чувствувате силни, витални и здрави секој ден.
Влегувањето во педесеттите години носи бројни физички и хормонални промени кои директно влијаат на здравјето, енергијата и изгледот.

Исхраната станува еден од клучните фактори за одржување на виталноста, хормоналната рамнотежа, здравите коски и силниот имунитет.

Ако имате над педесет години, време е да обрнете внимание на следните четири навики кои можат да направат голема разлика во вашиот секојдневен живот.

Повеќе калциум и витамин Д за силни коски

Ризикот од остеопороза се зголемува со возраста, особено кај жените во постменопауза. Калциумот и витаминот Д се неопходни за здравјето на коските.

Вклучете млечни производи со ниска масленост, бадеми, лосос, сардини, брокула и јајца во вашето мени. Не заборавајте, сончевата светлина е природен извор на витамин Д, но во месеците кога е помалку достапен, размислете за додатоци во исхраната.

Фокусирајте се на протеини за да ја зачувате мускулната маса

По 50-тата година од животот, доаѓа до природно губење на мускулната маса, што може да го забави метаболизмот и да го отежни одржувањето на телесната тежина.

Протеините се клучни, вклучете пилешко, мисиркино месо, јајца, грав, наут, тофу, грчки јогурт и јаткасти плодови во вашите оброци. Важно е внесот на протеини да се распредели во текот на денот, а не само во еден оброк.

Влакна за варење и срце

Запекот, високиот холестерол и проблемите со варењето се чести на оваа возраст. Храната богата со растителни влакна, како што се интегралните житарки, овошјето, зеленчукот, мешунките и семките, помагаат во одржувањето на редовното варење, но исто така го штитат и здравјето на срцето.

Не заборавајте дека внесувањето влакна оди рака под рака со доволна количина течност.

Антиоксиданси против стареење

Бобинки, зелен лиснат зеленчук, ореви, маслиново масло и темно чоколадо содржат моќни антиоксиданси кои помагаат во борбата против слободните радикали, го забавуваат стареењето на кожата и ги штитат клетките од оштетување.

Шарена чинија полна со бои не е само естетски пријатна, туку е и клучна за вашето здравје и младешки изглед.