4 намирници се смртоносни за срцето! Кардиолог предупредува – не ставајте го ова во вашето тело

Кардиохирургот Др. Џереми Лондон откри четири намирници кои никогаш не ги јаде затоа што можат да го зголемат ризикот од срцеви заболувања – а еве зошто треба да размислите и да ги избегнувате.

Здравјето на срцето зависи од многу фактори, а исхраната игра клучна улога . Додека фитнес тренерите препорачуваат храна за подобра форма, а нутриционистите советуваат што да се избегнува, кардиохирурзите имаат посебен увид во храната која може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.

Д-р Џереми Лондон, познат кардиохирург, сподели листа на четири намирници кои никогаш не ги консумира на својот профил на TikTok – и објасни зошто ги смета за особено штетни.

@drjeremylondon 4 foods that I absolutely avoid as a cardiac surgeon #doctor #surgeon #heartdoctor #heartattack #fypツ ♬ original sound – Dr. Jeremy London, MD

Брза храна

Ова можеби не е изненадување, но вреди да се повтори – брзата храна е меѓу најнездравите избори.

– Името кажува се, нели? Повеќето од она што се продава во синџирите за брза храна всушност не е вистинска храна, туку само „материја за јадење“ – предупредува д-р Лондон.

Газирани пијалоци

Без разлика дали избирате обични или диетални сорти, газираните пијалоци се лоши за здравјето на срцето.

– Тие се течна смрт, не ги пијте – истакнува кардиохирургот. Истражувањата покажуваат дека дури и диеталните газирани сокови може негативно да влијаат на метаболизмот и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања.

Млечни производи

Лондон советува да се избегнуваат млечни производи, нагласувајќи дека ние сме единствените цицачи кои консумираат млеко надвор од детството – и млеко од различен вид. Американското здружение за срце препорачува да се изберат млечни производи со малку маснотии или целосно да се исфрлат од исхраната, бидејќи заситените масти можат да го подигнат нивото на ЛДЛ холестерол и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања.

Алкохол

Последното нешто што Др. Лондон целосно го избегнува алкохолот, без разлика дали станува збор за чаша вино со вечера или прекумерно консумирање тврд алкохол.

– Алкохолот е токсичен за секоја клетка во нашето тело. Дури и умереното консумирање е штетно. „Ако сакаме да се потрудиме да го подобриме нашето здравје, најмалку што можеме да направиме е да престанеме свесно да ги труеме нашите тела “, нагласува тој.