Во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, денеска ќе се одбележат 40 дена од убиството на деветте ученици и чуварот.
Како што е најавено, училиштето ќе биде отворено од 10.00 до 18.00 часот за граѓаните кои сакаат да положат цвеќе или да запалат свеќа во спомен на жртвите од масовните убиства.
Ученик (13) на 3 мај уби девет ученици и чувар, а повреди пет ученици и наставник во ОУ „Владислав Рибникар“.
Во селата Дубона и Мало Орашје кај Младеновац, каде У.Б.(21) на 4 мај со истрели од калашников уби осум млади лица, а рани 14 лица, за во вторник на 13 јуни е најавена панихида за жртвите.
Во Мали Орашје, во вторник, на 13 јуни, во 9:30 часот ќе се одржи панихида на местото на злосторството.