На 14.08.2024 година во 16:50 часот во Куманово, од страна на полициски службеници од СПБ Куманово е лишен од слобода 43-годишниот А.Н. од кумановското село Лопате.
Се сомничи дека на 13.08.2024 година во казиното на плоштадот во Куманово се обидел да размени фалсификувана банкнота од 100 евра.
Исто така, по преземањето на мерките, констатирано е дека пред десетина дена во истото казино А.Н. пуштил во оптек три фалсификувани банкноти од 100 евра.
Истиот е приведен во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.