Легендарната Мадона открива дека била во индуцирана кома 48 часа додека беше хоспитализирана поради бактериска инфекција претходно оваа година.
Пејачката (65 г.) на концерт во Њујорк проговори за своето здравје. Обраќајќи им се на публиката, Мадона ја поздрави својата пријателка Шевон велејќи:
„Има некои многу важни луѓе вечерва овде кои беа со мене во болница. Има една многу важна жена која ме однесе во болница“.
„Не се ни сеќавам… се онесвестив на подот во бањата и се разбудив на интензивна нега… Бев во индуцирана кома 48 часа. Таа ми го спаси животот. Ти благодарам, Шевон“, додаде Мадона.
Да потсетиме, поп-дивата летово заврши на интензивна нега. Нејзиниот долгогодишен менаџер Гај Осери во тоа време на социјалната мрежа Инстаграм објави дека на Мадона развила сериозна бактериска инфекција што довело до тоа да таа биде на интензивна нега неколку дена. Пејачката на крајот ја одложи турнејата, која требаше да започне на 15. јули во Ванкувер, Канада.