Јапонските радиодифузери TBS и NHK соопштија дека едно лице во авионот на крајбрежната стража избегало, додека другите пет се уште се трага.
На аеродромот во Токио се запали авион на Japan Airlines , а медиумите јавуваат дека до несреќата дошло при слетување, кога авионот наводно се судрил со авион на јапонската крајбрежна стража.
Јапонската крајбрежна стража соопшти дека нејзиниот авион – за кој се верува дека се судрил со патнички авион – бил на пат кон аеродромот Ниигата за да достави помош до полуостровот Ното погоден од земјотресот, објави новинската агенција Ројтерс.
Јапонските радиодифузери ТБС и НХК соопштија дека едно лице во авионот на крајбрежната стража побегнало, додека потрагата по другите пет се уште е во тек.
Во патничкиот авион имало 367 патници и сите се евакуирани, потврдија од Japan Airline
Да потсетиме, бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија во понеделникот се искачи на 48, објави штабот за катастрофи во префектурата Ишикава. Официјални лица велат дека бројот на жртви би можел да продолжи да расте, јавува Би-Би-Си.
Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, во понеделникот ја погодија јапонската префектура Ишикава на брегот на Јапонското Море.