Поранешната српска стјуардеса Тина Грабеж откри неколку безбедносни совети за додека летате!
Дтравот од летање се јавува кај многу луѓе, дури и кај оние кои не се првпат да се најдат неколку илјади метри над земјата. Се случуваат авионски несреќи, но кои се работите на кои треба да внимавате за да останете безбедни?
Најпопуларната поранешна стјуардеса, Тина Гребеј, во едно неодамнешно видео откри „мали безбедносни совети кои треба да ги следите кога летате“, како што напишала во описот.
Како што истакнува Тина, статистички гледано, патниците кои се на седиштата во задниот дел на авионот имаат околу 40% поголеми шанси за преживување.
„Десниот мотор може да се запали и да запали некој дел од авионот. Во тој случај сакате да бидете што подалеку од тој дел. Секогаш лоцирајте го излезот за итни случаи или уште подобро седете до излезот за итни случаи. Обидете се да останете присебни, свесни и за крај:
„Секогаш запомнете, првите пет минути по полетувањето и последните осум минути пред слетувањето се најопасни. Затоа е важно да не заспиете во тој период”.