Исхраната, меѓу другото, може значително да влијае на здравјето на мозокот, а еден неврохирург открил кои 5 намирници ја подобруваат меморијата по 50-годишна возраст.
Генетиката игра значајна улога во одржувањето на здравјето на мозокот , но животниот стил, особено исхраната, исто така може да има големо влијание.
Неврохирургот д-р Брајан Хофлингер истакнува дека постојат многу видови храна што можат да ја подобрат функцијата на мозокот и да помогнат во заштитата од когнитивен пад. На својот TikTok профил, тој наведе која храна треба да биде на чинијата што е можно почесто.
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови се богати со здрави масти , кои се неопходни за функционирање на мозокот. Оревите, кои содржат АЛА – растителна форма на омега-3 масни киселини, се издвојуваат. АЛА помага во зачувувањето на мозочните клетки и ги намалува воспалителните процеси во телото.
Покрај оревите, ф’стаците се препорачуваат и како одличен извор на здрави масти и протеини кои имаат позитивен ефект врз здравјето на мозокот.
Риба
Масните риби, како што се лососот, пастрмката, сардината и скушата, се исклучително корисни за здравјето на мозокот поради нивната висока содржина на омега-3 масни киселини. Д-р Хофлингер особено препорачува лосос и туна, бидејќи тие се богати со омега-3 масти, а во исто време имаат малку заситени масти, што обезбедува дополнителни здравствени придобивки.
@doctorhoeflinger 5 Brain Superfoods. How many of these do you consume? What other superfoods do you like? #fyp #health #diet #food #lifestyle #brain ♬ original sound – Dr. Brian Hoeflinger, MD
Лиснат зелен зеленчук
Зеленчукот како спанаќот, кељот и брокулата содржат витамин К и фолна киселина, кои се поврзани со подобра меморија и општа когнитивна функција. Овој зеленчук се препорачува како редовен дел од исхраната за секој што сака да ја одржи менталната бистрина.
Бобинки
Овошјето како капини, јагоди, боровинки се многу корисни за здравјето на мозокот, особено за меморијата и подобра меморија.
Кафе и чај
Овие пијалоци се одличен извор на кофеин, а кофеинот помага во подобрувањето на краткорочната меморија.