Проблемот со несоницата се јавува често и нема начин да се заобиколи. За среќа, експертите споделија неколку совети за тоа што можете да направите за да заспиете побрзо, вклучително и избегнување на одредена храна.
Ако сте некој кој се бори да заспие ноќе, знаете колку може да биде болно. Иако вашата рутина и квалитетот на сонот се под влијание на различни фактори, како што се нивото на стрес, времето поминато на екранот и активностите во кои се занимавате неколку часа пред спиење, еден од главните виновници може да биде и храната што ја јадете пред спиење.
Според експертите, постојат пет намирници кои сите треба да ги избегнуваме пред да легнеме, пишува Mirror.
Чоколадо
Една од намирниците што сите треба да престанеме да ја јадеме навечер е чоколадото. Високите нивоа на кофеин и шеќер во млекото и белото чоколадо го прават лош избор за доцна ноќна ужина.
Додека висококвалитетното темно чоколадо содржи антиоксиданси и флаваноли кои помагаат да се релаксира телото и да се намали нивото на стрес, консумирањето какао сепак може да го отежне заспивањето. Темното чоколадо често содржи и кофеин – велат експертите во Benenden Health. –
Премногу кофеин може да предизвика почесто и брзо движење на очите (РЕМ), што доведува до утрински замор.
Ако сакате слатко задоволство пред спиење, наместо чоколадо, одберете природни алтернативи, како што се цреши и банани.
Сирење
Иако на многумина им е омилено, тврдото или старо сирење содржи високо ниво на аминокиселина тирамин, која ни помага да се чувствуваме будни.
Зачинета храна
Истото важи и за секоја премногу зачинета храна, како топли сосови и чипс, па обидете се да ги избегнувате неколку часа пред спиење. Префрлете се на поблаги сорти ако едноставно не можете да одолеете на грицкањето, препорачуваат експертите.
Сладолед и слатки
Овој деликатес не само што го сакаат децата, тој е и омилен десерт на возрасните, но треба да се избегнува пред спиење.
Тоа е затоа што сладоледот е богат со шеќер, што го зголемува нивото на гликоза во крвта и предизвикува немирен, неисполнет ноќен сон. За жал, сладоледот не е единствената храна што го предизвикува овој проблем. Ако сакате друга слатка храна како колачи и бисквити, исто така сте изложени на ризик од истите скокови на шеќерот во крвта.
Чипс
Уште една омилена закуска, која ја јадеме особено со филм пред спиење. Но, подобро избегнувајте го во доцните часови. Чипсот содржи многу сол, што го дехидрира вашето тело и го зголемува задржувањето на водата, што може да направи да се чувствувате уморни наутро.
Ако сте навистина гладни навечер, јадете здрава ужина
Експертите препорачуваат солените чипсови да се заменат со несолени јаткасти плодови за да се добие чувство на ситост и задоволство без несакана сува уста. Можеби обожавате грицки до доцна во ноќта, како чоколадо, сладолед или чипс, но тие би можеле да бидат токму она што ве спречува да спиете а нивниот ефект трае и до 8 часа.
Наместо тоа, природната храна како цреши или банани се одлични како замена која треба да ха задоволи вашата потреба слатко.
Дефинитивно треба да избегнувате да јадете премногу доцна навечер, ако можете, да внимавате на големината на порциите за вечера и да избегнувате кофеин и рафиниран шеќер пред спиење.