5 најчести симптоми на рак на коските: Болката се појавува и исчезнува а почеста е ноќе

Овој рак е меѓу најретките облици на рак, а најчесто ги зафаќа карлицата и долгите коски на екстремитетите. За среќа, бенигните тумори на коските се многу почести од малигните, тврдат експертите од клиниката Мајо.

Ракот на коските не вклучува канцерогени заболувања кои започнуваат на друго место во телото, а потоа метастазираат во коските.

Хируршкото отстранување е најчестиот третман за овој рак, но може да се користат и хемотерапија и зрачење, во зависност од видот и стадиумот на ракот на коските.

Ракот на коските може да се развие во сите коски. Меѓутоа, истражувањата покажале дека овој малигнитет најчесто се јавува на т.н долги коски. Исто така, постојат некои форми кои се јавуваат почесто кај децата, а некои кои се почести кај возрасните. Сепак, симптомите се обично исти за сите форми.

Најчестите симптоми на рак на коските

Кога треба да посетите лекар?

Неопходно е да се консултирате со специјалист ако почувствувате болка во коските која се манифестира на следниов начин:

Видови на рак на коските

Ракот на коските се поделени на различни видови во зависност од видот на клетката во која се развил ракот:

Остеосарком

Еден од најчестите е остеосаркомот , во кој канцерогените клетки формираат коска. Најчесто се јавува кај деца или млади луѓе и во коските на рацете или нозете. Во ретки случаи, остеосаркомот може да се појави надвор од коските, а тогаш се нарекува екстраскелетен остеосарком.

Хондросарком

Ова е втората најчеста форма на рак на коските, во која канцерогените клетки почнуваат да произведуваат ‘рскавица. Најчесто ја зафаќа карлицата, рацете или нозете и е најчеста кај средовечни или постари луѓе.

Јуинг-ов сарком

Најчесто ги зафаќа карлицата, рацете и нозете, а почесто се јавува кај децата и младите.