Претходно беше објавено дека пилотот на нивниот авион успеал да побегне, а пет членови се водат како исчезнати.
Петмина членови на јапонската крајбрежна стража се потврдени дека загинале откако нивниот авион се судрил со авион на Japan Airlines на аеродромот Ханеда во Токио , соопшти полицијата.
Претходно беше објавено дека пилотот на нивниот авион успеал да побегне, а пет членови се водат како исчезнати.
NHK објави дека пет други членови на екипажот биле пронајдени мртви.
Да потсетиме, во вторникот патнички авион се запали на пистата откако се судри со авион на јапонската крајбрежна стража, кој превезуваше помош во Ниигата по разорниот земјотрес што ја погоди Јапонија во понеделникот.
Во авионот на крајбрежната стража биле шест лица.
Вкупно 379 патници и членови на екипажот од авионот на Japan Airlines се евакуирани, а нивниот авион се запалил по падот.