Бронхитисот е воспаление на бронхиите (дишните патишта) кое може да биде предизвикано од вирусни инфекции, како настинка или грип, но и од изложеност на чад од цигари или загадување.
Постои акутен бронхитис (краткорочен) и хроничен бронхитис (долгорочен, често кај пушачите).
Што предизвикува бронхитис?
Бронхитисот обично е предизвикан од вируси, а може да се развие и кај луѓе со ослабен имунитет или белодробни заболувања како што е астмата. Чадот од цигарите и хемикалиите исто така го зголемуваат ризикот.
Симптоми на бронхитис
Кашлица: Често е придружена со слуз која може да биде чиста, жолта или зелена, а подоцна кашлицата станува сува.
,,Шушкање” во градите: често со кашлање, поради слуз во белите дробови.
Тешкотии со дишењето: може да биде придружено со отежнато дишење или штракање при дишење.
Болки во грлото: Иритација поради силна кашлица.
Треска и главоболка: Тие обично се поврзани со почетната вирусна инфекција.
Кашлицата често е придружена со слуз која може да биде чиста, жолта или зелена.
Кога да се оди на лекар?
* Ако кашлицата трае подолго од 3 недели.
* Ако кашлицата го отежнува спиењето или предизвикува отежнато дишење.
* Ако кашлицата е придружена со висока температура (над 38°C), искашлување на крв или слуз во боја на ‘рѓа.
Дијагноза и третман
Лекарот ќе ги слуша белите дробови, а за да постави прецизна дијагноза, може да препорача дополнителни тестови како што се рендгенски снимки или анализа на слуз.
Ако бронхитисот е предизвикан од вируси, обично не е потребен антибиотски третман.
На пациентите им се препорачува да пијат многу течности, да се одморат и да ја ублажуваат болката со лекови против болки.
Кога бронхитисот станува хроничен?
Ако кашлицата трае повеќе од три месеци, дури и без други симптоми, тоа може да биде знак за хроничен бронхитис, кој често се јавува кај пушачите. Ако кашлицата трае подолго од шест недели или се влоши, важно е да посетите лекар.