5 ЧЕСТИ ЛАГИ КОИ СИ ГИ КАЖУВАМЕ САМИ НА СЕБЕ: Скоро СЕКОЈ ДЕН користиме по една, а може да има многу лоши последици по нашите животи!

Измамата никогаш не носи продуктивност на долг рок, туку само штета. И додека некои од лагите што често си ги кажуваме си ја олеснуваат моменталната болка, други се токсични дури и во многу мал степен. Важно е да бидете свесни за сите негативни последици кои може да ги донесе лажењето себеси, а подолу се 5-те најчести кои луѓето си ги кажуваат.

1. „Не се каам за ништо“

Би било прекрасно доколку навистина не жалиме за ништо во животот, но за жал, тоа речиси никогаш не е можно. Жалењето е природна реакција која кај нас може да се појави многу години по одредена ситуација. Нема ништо лошо во тоа, важно е да прифатиме дека се каеме за нешто за да најдеме начин да го преболиме. Не можеме да постигнеме благосостојба со потиснување на нашите емоции, затоа не треба да одиме по тој пат.

2. „Немам време“

Кога ќе дојде период полн со обврски, често се извлекуваме со зборовите дека навистина немаме време за ништо друго. Сепак, решението лежи во правилното одредување приоритети. Дури и кога работните обврски наеднаш ќе се зголемат, тоа не значи дека не можеме да најдеме време за блиски луѓе, обука или рекреативна активност што навистина не исполнува.

3. „Лоша енергија ме следи цел живот“

Преземањето одговорност за вашиот живот е исклучително тежок, но неопходен чекор. Во моментите кога работите не одат според планот, сигурно секој од нас може да каже дека всушност само нè следи лоша среќа што не оттргнува од успехот. Малку е веројатно дека тоа е вистина, па затоа е покорисно да се прифати фактот дека ние самите донесовме одредени одлуки кои на крајот не ни беа од корист или не водеа до посакуваната цел.

4. „Не можам да живеам без него“

Силните приврзаности кон одредени луѓе или работи не се ретки, но тоа не значи дека не би можеле или не би знаеле како да живееме без нив. Огромна тага и разорна болка може да се појават кога некој ќе ги напушти нашите животи, но сите ние можеме да најдеме свој начин да ги надминеме несаканите околности и сепак да продолжиме со нашите животи на свој единствен начин.

5. „Јас сум само таква личност“

Дали некогаш сте кажале на друга личност дека сте такви какви што сте и дека не можете да се промените кога ќе направите грешка? Веројатно сте, како и повеќето. Има одредени недостатоци и негативни страни на секој од нас, но тоа не значи дека не можеме да работиме на нив и да се подобриме. Работењето на себе е вечен и континуиран процес, но со секој мал чекор сме чекор поблиску до подобра верзија од себе.