Холестеролот е восочна супстанца која телото ја користи за да изгради клетки и хормони, а има два главни типа:
- HDL (липопротеини со висока густина) – познат како „добар“ холестерол, чиешто повисоко ниво придонесува за подобро здравје.
- LDL (липопротеини со мала густина) – познат како „лош“ холестерол, чие пониско ниво може да ги намали здравствените ризици.
Прекумерното ниво на холестерол може да го зголеми ризикот од сериозни здравствени проблеми, како што се мозочен удар или срцев удар. Сепак, оптималните нивоа на холестерол може да варираат кај поединци.
Покрај приспособената исхрана, одредени видови пијалоци можат да помогнат и во намалување или контролирање на нивото на холестерол. Подолу се наведени 5-те најефикасни пијалоци кои можат да помогнат во одржување на оптимално ниво на холестерол, според Medical News Today.
1. Зелен чај
Зелениот чај содржи катехини и други антиоксиданси кои можат да помогнат во намалувањето на нивото на ЛДЛ и вкупниот холестерол. Истражувањата покажаа дека епигалокатехин галат (EGCG), моќен антиоксиданс во зелениот чај, може да има позитивен ефект врз нивото на холестерол во човечкото тело.
Црниот чај може да има позитивно влијание и на холестеролот.
2. Пијалоци од соја
Сојата има малку заситени масти, а замената на заситените масти со производи од соја може да помогне во регулирањето на холестеролот. Се препорачува да се консумираат 25 g протеин од соја дневно како дел од исхраната со ниска содржина на заситени масти и холестерол.
Целата и минимално обработена соја со малку или без додаден шеќер, сол и масти има најдобар ефект.
3. Овесни пијалоци
Овесот содржи бета-глукани, растворливи влакна кои можат да ја намалат апсорпцијата на холестеролот во цревата. Студиите сугерираат дека овесните пијалоци може да имаат уште подобар ефект на намалување на холестеролот од полуцврстите или цврстите производи од овес.
Чаша овесно млеко од 250 ml може да содржи околу 1 g бета-глукан, но исклучително е важно да се провери етикетата на производот.
4. Сок од домати
Доматите се богати со ликопен, соединение кое може да го подобри нивото на липидите и да го намали ЛДЛ холестеролот. Преработените производи, како што е сокот од домати, имаат повисоко ниво на ликопен од свежите домати. Сокот од домати содржи и растителни влакна и ниацин, кои дополнително го намалуваат холестеролот.
Едно истражување покажа дека консумирањето несолен сок од домати за една година го подобри нивото на ЛДЛ холестерол кај 260 возрасни.
5. Смуди со бобинки
Бобинките се богати со антиоксиданси и растителни влакна , кои можат да помогнат во намалување на холестеролот. Антоцијани , моќни антиоксиданси присутни во овошјето како што се:
- јагода
- боровинка
- капина
- малина