Во мувла и влага, студени ѕидови и без топла вода, затворените во КДП Идризово тврдат дека веќе две недели живеат во нехумани услови. Иако бараат од Управата да ги слушне нивните повици, не добиваат никаков одговор. Педесетина жени се потпишаа на петицијата и поставија ултиматум, доколку директорот не ја среди состојбата во рок од два дена, тие ќе штрајкуваат со глад. Обвинуваат дека во затворот се случува геноцид.
Потпишаната петиција сепак стигна до затворската управа. Директорот Зоран Јовановски вели дека по барањата се постапува. Но, иако потврдува дека условите се катастрофални, затворениците толку долго не биле оставени во такви услови. Тоа беше грешка што беше поправена.
Сведоштвата на оние внатре стигнуваат и до меѓународните организации.
Во Идризово во моментов се сместени 1216 затвореници, од кои 70 се жени. Поради оваа причина, Јовановски бара надлежните не само да се залагаат за подобрување на условите во затворот, туку и навистина да се зафатат со работа.
Во моментов нема ништо ниту од ветувањата на министерот Лога за изградба на нови згради во Идризово. Иако самиот предупреди колку е лоша ситуацијата, на терен нема промени. Исто така, и покрај катастрофалните услови во кои се сместени затворениците, државата скрати уште 15 отсто од буџетот за годинава наменет за затворите.