Огромен интерес на Албанците за натпреварот против Италијанците.
Пред почетокот на Европското првенство во фудбал владее целосна еуфорија кај Албанците, а илјадници навивачи планираат да дојдат во Германија и да учествуваат на еден од натпреварите.
Имено, во текот на денот шпански „АС“ пишуваше за навивачите на Албанија и наведе дека кај западните соседите дури 140 пратеници решиле да заминат во Дортмунд на мечот со Италија! Наведоа дека тоа автоматски значело и откажување на редовната седница закажана во четврток, но тоа не е се. Ќе мора да се откажат и наредните седници, бидејќи повеќето од пратениците планираат да останат на преостанатите натпревари во Германија и не сакаат да се вратат назад.
Од друга страна, медиумите во Италија се занимаваат и со нивниот прв противник во групата, а за навивачите наведуваат дека „подготвуваат инвазија“ на стадионот на Борусија. Очекуваат дека во Дортмунд ќе има околу 50.000 Албанци кои ќе сакаат да го следат натпреварот и да ги поддржат своите играчи.
🚨Saturday for Italy vs Albania in Dortmund at The Signal Iduna Park: Tickets are SOLD OUT✅🇮🇹🇦🇱
— AzzurriXtra🇮🇹 (@XtraAzzurri) June 12, 2024
An EXPECTED 50,000 Albanian fans & 31,000 Italian fans in attendance. Albania are expected to be amongst the best travelled fan supports in Germany🏟️
Ready⚔️@SkySport #euro2024 pic.twitter.com/Rksz9Oboy5
Албанија во сабота од 21 часот се среќава со Италијанците, потоа на 19 јуни игра во Хамбург против Хрватска, а потоа со Шпанија во Дизелдорф на 24 јуни. Јасно е дека тие се најголемите аутсајдери во оваа група, но зад себе ќе имаат голема поддршка, особено од дијаспората која со години живее и работи во Германија.
За албанската инвазија на Дортмунд и стадионот ден претходно зборуваше легендарниот Џанлуиџи Буфон, кој процени дека 80% од стадионот ќе биде исполнет со навивачи на албанската репрезентација.
За потсетување, стадионот на Борусија вообичаено собира 82.000 луѓе, но од безбедносни причини УЕФА ја намали таа бројка за 20.000 бидејќи беа поставени седечки места на трибината која традиционално им припаѓа на најжестоките навивачи на Борусија.