Според министерот Мурат Курум рушењето на 50.576 згради треба да се изврши веднаш, посочувајќи дека земјата се соочува со најсмртоносната природна катастрофа во последните 100 години.
Итно треба да се срушат над 50.000 згради и објекти во регионите погодени од земјотресите во Туркије. Препораката ја издаде Министерството за животна средина, урбанизам и климатски промени по извршените теренски проценки.
Според министерот Мурат Курум рушењето на 50.576 згради треба да се изврши веднаш, посочувајќи дека земјата се соочува со најсмртоносната природна катастрофа во последните 100 години.
Последните официјални податоци укажуваат дека бројот на жртви надмина 35.000 со што оваа катастрофа веќе стана најсмртоносна во историјата на Република Туркије од нејзиното основање пред 100 години.
Со тоа се надмина и катастрофата предизвикана од земјотресот во Ерзинџан кој одзеде 33.000 животи во 1939 година.
Во услови на зголемен број на жртви, турските тимови за пребарување и спасување спасија жена која под урнатините беше заробена 222 часа.
Во соседна Сирија, бројот на загинати достигна 5.814, според најновите бројки, со што вкупниот број на загинати од двете земји достигна над 41.232.
TRT World