54 ГОДИНИ ПОМЛАДАТА ДЕВОЈКА НА АЛ ПАЧИНО СЕ ПОРОДИ: Познатиот актер доби дете во 9-тата ДЕЦЕНИЈА

Само десет дена откако во Холивуд одекна веста за бременоста на Нур Алфала, девојката на Ал Пачино, оваа 29-годишна жена го роди своето прво дете, а четвртото дете на актерот. Така Пачино стана татко на 83 години!

Среќната вест ја потврди и самата Нур, која е 54 години помлада од Пачино, но полот на детето не е откриен.

Да потсетиме, веста за бременоста беше проследена со бројни контроверзи, меѓу кои и тврдења дека Ал не бил сигурен дека детето е навистина негово. Но, извор близок до парот инсистираше дека и двајцата се пресреќни поради бременоста, иако тоа беше изненадување.

Истиот извор ги демантираше шпекулациите дека Нур ја криела бременоста од Пачино а со него била во врска за пари.

Да потсетиме, парот е во врска две години, а првпат беа видени заедно во април минатата година. Инаку, Алфала е очигледно „слаба“ за постарите мажи, со оглед на тоа што во минатото беше во врска со Мик Џегер (78), а парот раскина во 2017 година. Интересно е што во 2019 година ја поврзуваа и со Клинт Иствуд (91), но на крајот тврдеше дека се само пријатели.

Нур еднаш во едно интервју откри дека луѓето навистина ја коментирале нејзината врска со Џегер, но дека не жали за ништо и дека има многу убави спомени од таа романса.

„Годините не ми беа важни. Срцето не знае што гледа, знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и тоа беше среќен период за мене“, изјави оваа 28-годишна девојка за „Hello”.