Овие намирници ви помагаат да започнете поздрав начин на исхрана, а со текот на времето го регулираат нивото на холестерол.
Високиот холестерол е една од причините за развој на срцеви заболувања, меѓутоа, можете да спречите разни болести со воведување на овие едноставни промени во вашиот животен стил и исхрана.
Не постои храна која е забранета, а можете да јадете црвено месо, сирење, чоколадо, важно е само да бидете умерени кога внесувате различни калории. Во договор со докторот можете само да го коригирате внесот на заситени масти кои го подигаат вкупното ниво на холестерол.
Според експертите, препорачливо е да ги консумирате следните намирници доколку сакате да го намалите високиот холестерол. Неопходно е да се следат овие упатства неколку месеци за да се одржи холестеролот на нормално ниво на долг рок.
1. „Паметна“ храна
Станува збор за јогурт и други производи кои содржат стероли. Овие молекули се мешаат и ја блокираат апсорпцијата на холестеролот, кој потоа се излачува заедно со други отпадоци од телото. Растителните стероли се компоненти кои имаат слична хемиска структура и биолошка функција со холестеролот. Добрите диететски извори на растителни стероли вклучуваат растителни масла (особено нерафинирани), јаткасти плодови, семиња и житарки.
2. Влакна
Со врзување на растворливите влакна за жолчните киселини, се стимулира нивното излачување, што значи помалку жолчни киселини во дигестивниот систем и помала апсорпција на масти. Растворливите влакна како оние содржани во гравот лесно се вари. Ги има во овесот, гравот, јачменот и некои овошја.
3. Јаткасти плодови
Повеќето од нив, оревите, бадемите, кикиритките и ф’стаците се добри за намалување на холестеролот. Дефинитивно избегнувајте посолени сорти, особено ако имате висок крвен притисок. Богати се и со растителни влакна и витамин Е. Единствена мана им е што се калорични, па затоа треба да се консумираат умерено.
4. Соја
Млекото од соја или јогуртот може да помогне да се „избрка“ лошиот холестерол од крвотокот. Само заменувањето на млекото и месото ќе го ослободи телото од заситените масти.
5. Здрави масла
Незаситените масти, како оние од маслиновото масло, го намалуваат лошиот и го зголемуваат добриот холестерол. Заситените масти како што се путерот и палминото масло и трансмасните киселини го зголемуваат холестеролот. Запомнете дека дури и добрите масти содржат калории, затоа користете ги умерено.
6. Овес
Оваа житарка содржи бета глукан, кој го врзува холестеролот за себе во дигестивниот тракт и ја спречува апсорпцијата, а помага и во намалување на лошиот холестерол, пишува Дејли мејл.