Познатиот креатор Кристијан Диор верувал дека нема грди жени и можел да каже дека всушност постојат само жени кои не знаат како да ја истакнат својата убавина. Во еден момент, тој навел шест детали што ги прават жените да изгледаат неуредно.
– Жените се најпривлечни на возраст меѓу 35 и 40 години, откако ќе победат во многу ситуации и ќе имаат искуство. Откако жената ќе наполни 40 години, таа привлечност може да трае засекогаш – еднаш рекол еден од најпознатите модни дизајнери на сите времиња, Кристијан Диор.
1. Неизмиена коса
Како Коко Шанел, и Диор верувал дека најлошото нешто што го расипува имиџот на жената е валканата коса! Тоа е непочитување кон себе и кон другите. Дамата треба да биде уредна во сè, верувал познатиот Французин, пишува порталот „Cluber.com.ua“.
2. Вулгарност
Она што треба да се нагласи во изгледот е женственоста. И ова не важи само за облеката, туку и за начинот на комуникација и однесување. Дури и ако жената е во елегантен фустан, таа нема да биде женствена ако комуницира вулгарно или користи пцовки.
3. Облека што не ви стои добро
Кристијан Диор верувал дека жената ја губи својата софистицираност ако се облекува неправилно, т.е. ако избере погрешна големина или облека што не одговара на нејзината фигура. Тој, исто така, ги наведува парчињата изработени од материјали со низок квалитет или лошо шиени како голема грешка. Облеката треба да ја истакне убавината на фигурата и да ги скрие нејзините недостатоци.
4. Необрнување внимание на чевлите
– Никогаш не можете да обрнувате премногу внимание на вашите чевли. Многу жени мислат дека тие не се толку важни, но вистинскиот доказ за елеганцијата на една дама е она што го носи на нозете – рече овој дизајнер.
5. Неуредни раце
Рацете се визит-карта на секоја жена. Тие ги откриваат вашите години и покажуваат колку се грижите за себе. Направете го дури и наједноставниот маникир, но погрижете се ноктите секогаш да ви бидат чисти, а кожата на рацете мека. А тоа е многу лесно да се направи дома.
6. Неуредни стапала и нозе
Не смееме да заборавиме на нозете и стапалата. Во лето носиме отворени чевли, кратки фустани и здолништа, па затоа е важно да се грижиме и за нив.