Победникот на овогодинешната Евровизија Немо слета во Швајцарија, а група обожаватели се собраа на аеродромот да го пречекаат. На TikTok се појави видео од моментот кога тој се појави на аеродромот во Цирих, каде изгледа како да го пречекале само неколку луѓе.
Евровизиските фанови во коментарите под видеото му кажаа на Немо кого го сметаат за вистински победник на овогодинешното натпреварување.
„Хрватска“ , коментарите на навивачите, кои оставаат и емотикони на срца и хрватското знаме.
И покрај тоа, Немо беше пречекан од поголем број луѓе отколку што е прикажано на видеото, а фотографите снимија како изгледа пречекот на швајцарскиот претставник кој ги прегрна фановите.
До 6.500 луѓе присуствуваа на дочекот на Бејби Лазања
Инаку, на приемот за Бејби Лазања во центарот на Загреб имало меѓу 5.300 и 6.500 луѓе, а на аеродромот го дочекале и бројни фанови.