Аеронаутичкиот инженер Рудигер Кох (59) се обидува да го собори Гинисовиот рекорд за најдолго време поминато во подводно живеалиште.
Рудигер Кох ги помина последните два месеци под вода , во специјална капсула во Карипското Море. Во него треба да остане до 24 јануари, за да влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Живот во капсула од 30 квадрати
Целта на Рудигер е да живее и работи под вода повеќе од 120 дена. Имено, тој сака да го собори рекордот што Џозеф Дитури го постигна уште во 2003 година.
Капсулата на Рудигер беше лансирана во близина на брегот на Пуерто Линдо, Панама. Рудигер располага со 30 квадратни метри станбена површина во која има кревет, компјутер, телевизор, стационарен велосипед, сателитски телефон, пренослив тоалет и неколку вентилатори.
Му недостига туширање, а понекогаш сака да нурка
Германецот истакнува дека од се што имал претходно, единствено што му недостига е редовното туширање.
– Не е особено тешко. Воопшто не се чувствувам како да страдам, иако понекогаш сакам да нуркам, но тоа не е можно – изјави Рудигер.
Рудигер ја започна својата авантура на 26 септември, а времето ќе покаже дали ќе може да ги издржи сите предизвици што го очекуваат до 24 јануари 2025 година, пренесува UPI.