7 знаци дека вашето тело е полно со токсини! Важни предупредувања дека нашето здравје е загрозено

Гадење, осип на кожата, главоболки, замор се само дел од симптомите кои покажуваат дека вашето тело е полно со отров, велат експертите. Погледнете кои знаци укажуваат дека треба да внимавате што ви кажува телото и да започнете со детоксикација.

1. Несоница

Несоницата е една од главните последици од акумулацијата на токсините во телото. Ако имате проблеми со спиењето, тоа значи дека треба да го проверите црниот дроб, бидејќи несоницата често се поврзува со проблеми во работата на тој орган. Пробајте пијалоци направени од брокула, карфиол и сличен зеленчук кои го чистат црниот дроб.
Црниот дроб обично ги неутрализира токсините, затоа во исхраната вклучете што е можно повеќе храна богата со сулфур, а лукот е најдобар за тоа.

2. Летаргија

Ако се будите уморни и слаби, чувствувајќи се летаргично во текот на денот, треба да размислите за детоксикација. Нема да го решите проблемот ако недостатокот на енергија го надоместите со стимуланси како што е кофеинот. Напротив, само ќе ја влошите ситуацијата. Јадете многу житарки бидејќи тие се богати со витамини Б, кои влијаат на менталните функции како концентрацијата и меморијата.

3. Главоболки

Хроничните главоболки кои постојано се враќаат може да укажуваат на премногу отров во телото. Задржувањето на токсините е една од најголемите причини за главоболки и мигрена. Треба да се знае дека за време на процесот на детоксикација, главоболките може да се влошат, но откако ќе се исфрли отровот, тие треба веднаш да престанат или значително да се намалат.

4. Проблеми со кожата

Доколку забележите осип или мозолчиња на вашата кожа, време е за детоксикација. Кожата е најдобар показател дека нешто не е во ред со телото, бидејќи сè што не е во ред се исфрла на неговата површина.

5. Жолт или бел јазик

Јазикот е важен индикатор за откривање на количината на отров во телото. Храната што содржи токсини може да ја наруши деликатната слузница на дигестивниот систем, кој го вклучува и јазикот. Ако на површината на јазикот е видлив бел или жолт слој, речиси е сигурно дека дигестивниот тракт се бори против токсините.

6. Акумулација на масно ткиво на желудникот

Токсините што ги внесувате преку храна и пијалоци, како и токсините што ги вдишувате, го поттикнуваат таложењето на масно ткиво на стомакот. Ова се случува затоа што многу токсини кои остануваат во телото стигнуваат до стомакот и остануваат таму. Тие можат да се отстранат само со детоксикација.

7. Чувство на топлина

Еден од природните начини на кои телото ги исфрла токсините е преку потење. Кога има премногу отрови во телото, тоа ќе се „прегрее“ обидувајќи се да се ослободи од нив со потење, поради што можете постојано да чувствувате топлина, дури и кога надвор е ладно.