Храната е нашиот главен извор на енергија и затоа не само што има директно влијание врз нашето расположение, тело и превенција од болести, туку е и во голема мера одговорна за здравјето на нашата коса. Овие навики во исхраната може да доведат до зголемено опаѓање на косата.
Вишокот на витамин А
Да се има вишок од било што е лошо, а витамините не се исклучок. Витаминот А е неопходен за здрава коса и очи, но неговиот вишок може да придонесе за нејзино губење. Храна богата со овој витамин се: црн дроб, јајца, риба, млечни производи, манго, слатки компири и други.
Премногу пржена или мрсна храна
Постои врска помеѓу мастите кои се наоѓаат во пржената храна и зголеменото ниво на дихидротестостерон и тестостерон, хормони кои доведуваат до ќелавост кај мажите и жените. Пржената или мрсна храна која не содржи здрави масти придонесува за губење на косата. Исто така, кога консумирате храна зготвена на висока температура, го зголемувате оксидативниот стрес во телото , што доведува до воспаление кое на крајот доведува до губење на косата.
Храна со високо ниво на жива
Некои видови риби како скуша, сабјарка и туна содржат високо ниво на жива. Високите нивоа на жива се поврзани со губење на косата . Затоа изберете ситна риба како сардина.
Храна со малку протеини
Протеините содржат амино киселини важни за раст на косата. На фоликулите на косата им е потребно постојано снабдување со протеини за да растат и да функционираат правилно. Нивниот недостаток доведува до проретчување, губење и кршливост на косата.
Храна со висок гликемиски индекс и богата со шеќери
Храната со висок гликемиски индекс премногу лесно се разложува на шеќер. Овој зголемен шеќер ги зголемува инсулинот и андрогенот во телото, што негативно влијае на здравјето на косата. Исто така, конзумирањето високи нивоа на преработен шеќер доведува до зголемување на инсулинот, што ги стеснува фоликулите на косата, што пак води до рано опаѓање на косата. Најдобро е што повеќе да избегнувате печива и преработена храна.
Низок внес на цинк и железо
Цинкот и железото помагаат да се создаде кератин, кој е од суштинско значење за здравјето и растот на косата. Нискиот внес на овие хранливи материи има негативен ефект врз косата. Цинкот е есенцијален минерал кој нашето тело не може сам да го произведе и мора да го внесеме во вистинска количина преку исхраната. Храната богата со цинк вклучува месо, мешунки, семки, јаткасти плодови, јајца, киноа, овес и темно чоколадо. Недостатокот на железо во исхраната може да доведе до анемија, која го попречува снабдувањето со хранливи материи до фоликулите и доведува до прекин на циклусот на раст на косата.
Недостаток на калциум
Калциумот исто така игра важна улога во одржувањето на здрава и сјајна коса, така што неговиот недостаток доведува до опаѓање и проретчување на косата . Во храната ќе го најдете во спанаќот, кељот, брокулата, бадемот, наутот и секако во млечните производи.