7 јапонски лекции за животот кои можат да променат сè – ако ги прифатите, ќе видите како вашата реалност се трансформира на подобро!
Јапонската античка мудрост е пренесена во модерното време како одредени животни стилови. Можете да научите важна животна лекција од секој, а одредени јапонски концепти откриваат како да ја пронајдете вашата цел, да стекнете знаење, да ги подобрите сите области од животот и да станете посреќни и поуспешни.
Ви откриваме 7 јапонски концепти кои ќе ви ги отворат очите и ќе ви го променат животот:
- Ikiga- Откријте цел во вашиот живот. Секое утро, бидете свесни за причината зошто сте се разбудиле. Најдете нешто што се усогласува со вашата сила и страст и што му треба на светот. Тоа е она што му дава смисла на вашиот живот.
- Shikata ga nai – Оставете го она што не можете да го промените. Препознајте кои работи се надвор од ваша контрола. Пуштете ги да одат и фокусирајте се на она што можете да го промените.
- Wabi-sabi – Најдете мир во несовршеноста. Сфатете дека ништо во овој живот не е совршено, вклучително и вие и другите. Наместо да се стремите кон беспрекорност, најдете радост во несовршеноста и тоа ќе го направи вашиот живот уникатен.
- Gaman – Чувајте го вашето достоинство во тешки времиња. Покажете емоционална зрелост и самоконтрола, дури и кога сè се менува. Запомнете колку е важно да бидете трпеливи, издржливи и разбирливи.
- Oubaitori – Не се споредувајте со другите. Секој има различни аспирации и посебен животен пат. Важно е да се фокусирате на сопствениот напредок, наместо да се обидувате да бидете како другите.
- Kaizen – Секогаш обидувајте се да ги подобрите сите полиња во вашиот живот. Секоја мала промена може да придонесе за тоа и да направи голема трансформација за сите времиња.
- Shu-Ha-Ri – “Кога ученикот е подготвен, наставникот ќе се појави. Кога ученикот е навистина подготвен, наставникот ќе исчезне”. (Тао Те Чинг) Овој цитат ве потсетува како да научите и да стекнете различни техники. Постојат 3 начини да стекнете вредно знаење:
Shu: Научете ги основите следејќи еден наставник. Во оваа фаза спаѓа и имитирањето на големи учители и експерти.
Ha: Почнете да експериментирате, учете од наставниците, но и практикувајте го вашето знаење.
Ri: Фокусирајте се на иновациите и способноста да прифатите учење нови варијации во различни ситуации.