700 уапсени во Франција. Во пламен автомобилот на градоначалникот, повредени жена и дете

ФРАНЦИЈА доживеа петта ноќ на немири, со тешки судири меѓу полицијата и демонстрантите во градот Марсеј на југот, но како што пишува Би-Би-Си, ноќта сепак била помирна од последните неколку.

Да потсетиме, нередите започнаа откако полицијата во вторникот во париското предградие Нантер го уби 17-годишното момче од алжирско потекло Нахел.

Во текот на ноќта беа уапсени над 700 луѓе, што е за околу 300 помалку од претходната ноќ.

На улиците на француските градови беа распоредени 45 илјади полицајци.

Ја нападнале куќата на градоначалникот

Во јужното париско предградие L’Haÿ-les-Roses, напаѓачите ја нападнаа куќата на градоначалникот. Нападот се случил во 01:30 часот, кога Винсент Жанбрун бил во својата канцеларија.

Неговата сопруга и двете деца спиеле кога непознати напаѓачи ја пробиле влезната врата и го запалиле автомобилот.

Повредени се неговата сопруга и детето

Кога неговата сопруга и малите деца се обиделе да побегнат, биле погодени од огномет, при што биле повредени неговата сопруга и едно од децата.

„Тоа беше обид за убиство“, рече градоначалникот Жанбрун.

Полицијата започна истрага.