8 работи кои ја отежнуваат секоја врска! Првата се смета за најчест „убиец на добра врска“

Некои луѓе запаѓаат во лоши односи поради банални работи како потребата секогаш да се биде во право.

Иако врската треба да биде место каде што се чувствувате неоптоварени и спокојни, честопати не е така. Се разбира, не е возможно постојано да имате врска без проблеми, но ако расправиите и кавгите се чести, тоа е јасен знак дека врската е тешко нарушена.

Кога ќе паднат во тој магичен круг, луѓето треба објективно да гледаат на ситуацијата и да се обидат да најдат решение. 

Честопати проблемот, иако многумина не го признаваат тоа, е во самите нас, можеби дури и повеќе отколку во другата личност.

Психотерапевтот Марко Јовашевиќ сподели 8 работи кои ја отежнуваат секоја врска, а доколку не се работи на нив може дури и да доведат до раскинување:

1. Потребата да се биде во право.

2. Пораката „Биди малку повеќе како мене“.

3. Неискажани очекувања.

4. Обиди за контрола.

5. Спречување на индивидуалност.

6. Барања наместо покани.

7. Скршена доверба.

8. Читање мисли наместо прашања.