92 годишниот претседател на Камерун победи на изборите- ова ќе му биде осми мандат

Официјалните резултати беа објавени од Уставниот совет на Камерун, со што се потврди осмиот мандат на Бија како шеф на државата, пишува Франс 24.

Опозицијата претходно прогласи победа

На второто место беше противникот на Бија, поранешниот министер Иса Чирома Бакари, кој освои 35,2 проценти од гласовите. Интересно е што Чирома прогласи победа против актуелниот претседател само два дена по изборите на 12 октомври, но официјалните резултати покажаа поинаков исход.