Теоријата за црвени нокти е многу повеќе од само тренд. Имено, овој вид маникир го привлекува вниманието на мажите и ја зголемува самодовербата.
Како што објаснува психологот Стефани Мајзер, црвената боја отсекогаш се поврзувала со привлечност и самодоверба.
„Кога некој е убеден дека црвените нокти му помагаат да се истакне, тој се однесува и се претставува поинаку, а луѓето го забележуваат тоа“, објасни психологот Стефани Мајзер за „Women’s Health“.
Експертите дополнително истакнуваат дека мажите ги сметаат жените во црвено за попривлечни, сосема несвесно.
„Според еволутивната психологија, црвената боја со векови симболизира виталност, доминација и плодност“, рече Мајзер.
Покрај тоа, психологот Рене Соломон истакнува дека црвената боја привлекува внимание, но важно е и чувството што го имаат жените додека носат таков маникир.
„Кога жената се чувствува силна и секси, тоа зрачи од неа и другите го забележуваат“, вели Рене Соломон.
Токму во овие случаи Соломон истакнува дека се јавува плацебо ефектот – самодовербата што ја носат црвените нокти. Кога бојата на лакот се совпаѓа со вашата енергија, тогаш тоа престанува да биде само тренд.