Сообраќајна несреќа се случила синоќа на автопатот кај Појата во Србија.
Како што пренесува Инстаграм страната 192.rs, автобусот со македонски регистарски таблички се лизнал и удрил во редарите околу патот.
Патниците се спасиле неповредени, додека најголема е материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден обилните снежни врнежи предизвикаа штети на автопатот „Милош Велики“ во Србија.
Состојбата на патиштата низ Србија е критична поради снегот, коловозите се лизгави, па на возачите им се препорачува да бидат внимателни и бавно да се движат.