Android 16 носи сериозна иновација – погледнете за што се работи

Новата опција за проверка на идентитетот беше претставена во декември, а Samsung веќе ја вклучи во својата One UI 7 верзија базирана на Android 15. Сепак, другите ќе мора да почекаат до Android 16 за да ја имаат оваа функција.

Проверката на идентитет работи така што бара автентикација исклучиво преку биометрија (како отпечаток од прст или скенирање на лицето) пред корисникот да може да ги промени клучните безбедносни поставки или да пристапи до зачуваните лозинки и други чувствителни податоци.

Она што ја издвојува оваа функција од другите е тоа што не дозволува резервна опција како PIN или лозинка – затоа биометриката е задолжителна, според Android Authority.

Целта на оваа функција е да ги спречи крадците да менуваат сметки или да ги украдат ингеренциите за пристап откако ќе го украдат уредот.

Ако немаат отпечаток од прстот на сопственикот или неговото/нејзиното лице, нема да можат да ги добијат критичните информации – освен ако, се разбира, има случај на физичка принуда, која повеќе не се нарекува „обична кражба“, туку тешко кривично дело.

Бидејќи Google мораше да го промени основниот начин на функционирање на биометриската автентикација за да ги отстрани резервните опции, Проверката на идентитет не може да се додаде преку Play Store или преку мало ажурирање – потребно е целосно ажурирање на системот на Android.

Samsung брзо ја адаптираше и ја воведе оваа заштита преку One UI 7, додека другите производители се очекува да ја вклучат кога ќе излезе Android 16.