Apple забележа рекордни квартални приходи по зголемената продажба на iPhone 16

Apple го објави својот финансиски извештај за изминатите три месеци, односно последниот квартал од својата фискална година.

Резултатите покажуваат раст на приходите од 6 отсто во периодот меѓу јули и септември, што е резултат на подобрената продажба на iPhone, така што таа изнесува вкупно 94,9 милијарди долари.

Apple забележа пораст на продажбата во категориите вклучувајќи iPhone, Mac, iPad и Services, освен за уредите за носење кои забележаа пад од 3 проценти.

Тим Кук, извршен директор на Apple, за време на конференциска повик рече дека продажбата на iPhone поставила септемвриски рекорд по приходи, што бележи раст во секој географски сегмент. Новата серија на iPhone 16 излезе во продажба во последните десет дена од кварталот.

„Приходите во септември се 94,9 милијарди долари, што е за 6 отсто повеќе во споредба со минатата година. Во текот на кварталот ги претставивме нашите најдобри производи досега, а тоа се сосема новата серија iPhone 16, Apple Watch Series 1′, AirPods 4 слушалките и фантастични способности за слух и откривање на апнеја при спиење Оваа недела го претставивме нашиот прв сет на функции за Apple Intelligence, поставувајќи нов стандард за приватност во вештачката интелигенција и поддржувајќи ја нашата постава за време на празничната сезона“, рече Кук.

Вкупните приходи можеби се зголемени, но нето приходот е намален за 35 проценти во споредба со претходната година. Компанијата соопшти дека тоа е резултат на ретроактивно плаќање на ирски даноци од 14,3 милијарди евра, откако беше утврдено дека договорот ги прекршува законите на ЕУ за државна помош.