Како одговор на неодамнешната тужба на Министерството за правда на Соединетите држави, Apple потврди дека во еден момент ја разгледувал можноста за производство на Apple Watch за Android. Според компанијата, тие работеле на тоа цели три години пред конечно да се откажат од идејата.
Американското Министерство за правда го користи Apple Watch како дел од своите аргументи за тврдењето дека Apple е монополска компанија.
Apple Watch е компатибилен само со iPhone. Тоа значи дека доколку корисникот веќе има Apple Watch, а сака да користи Android наместо iPhone, мора да купи нов паметен часовник компатибилен со Android, што дополнително би му го оптоварувало буџетот.
Сега Apple откри дека размислувал за поддршка на Android на Apple Watch. Но, по тригодишна анализа, компанијата заклучи дека е технички предизвик да се постигне компатибилност помеѓу Apple Watch и Android платформата и се откажа од идејата.