Производството на серијата чипови М2 беше прекинато на два месеци поради слабата побарувачка за Macbook.
Иако ги претстави своите освежени лаптопи Macbook Pro во јануари, Apple беше принуден да го прекине производството на серијата M2 чипови на два месеци поради помалата побарувачка од очекуваната. Производството, наводно, продолжило во март, но со стапка намалена за половина од претходно.
Запирањето на производството влијаеше и на другите алки во синџирот на снабдување. Компаниите кои снабдуваат материјали и помали компоненти, исто така, мораа да забават додека Apple се регрупираше. Според информациите до кои дојде јужнокорејскиот The Elec, приспособувањето на производните линии на чиповите М2 на друг хардвер не беше можно за време на двомесечната пауза.
Извршниот директор на Apple, Тим Кук, изјави на почетокот на февруари дека компанијата продолжува да се движи во предизвикувачка средина. Кук додаде дека работите би можеле да бидат тешки на краток рок, но дека нискиот пазарен удел на компанијата е можност, особено поради силиконот на Apple кој ги напојува нивните лаптопи.
Сепак, предизвиците со кои се соочува Apple се само дел од проблемите што ја засегаат целата индустрија. Испораките на процесори го забележаа својот најголем пад во последните три децении за време на вообичаено профитабилната празнична сезона. Испораките на компјутери паднаа за 28 отсто во истиот период, а некои продавачи на матични плочи и хард дискови забележаа дека годишните пратки се речиси преполовени. Продажбата на периферни уреди и додатоци на Logitech е во пад, а продажбата на паметни телефони достигна најниско ниво во последните 10 години.
Во меѓувреме, Apple се подготвува да лансира сосема нова категорија на производи – очила за зголемена и виртуелна реалност – можеби веќе овој јуни на настанот WWDC . Знаеме дека овој уред ќе биде многу скап, а според информациите кои стигнуваат до нас, вработените во компанијата се загрижени дека очилата би можеле да бидат многу скап дефект во сегашната ситуација.