Во четвртиот квартал од 2022 година глобалниот пазар на таблети остварил раст од само 0,3%, но iPad таблетите на Apple сочинуваат речиси 50% од сите продадени таблети во светот.
Според достапните податоци, Apple продал 49,2% од сите таблети испорачани до купувачи на нашата планета. Во конкретни бројки тоа значи дека Apple продал 22,5 милиони таблети, додека на второ место е Samsung, кој продал 7,7 милиони таблети и имал пораст на продажбата од 7,1% во однос на претходната година, но заостанува со 16,8% зад Apple.
На трето место е Amazon, кој остварил раст од 31,1% во однос на четвртиот квартал во 2021 година, а минатиот квартал испорачал 2,5 милиони таблети.
Четвртото место го делат Huawei и Lenovo со удел од по 5,5%, со таа разлика што Huawei има пад од 8,6% во однос на претходната година, додека Lenovo има пад од дури 49,9%.