Apple ќе го одржи својот следен голем настан на 9 септември, каде што ќе ја претстави серијата iPhone 17. Компанијата од Купертино ги потврди гласините и почна да испраќа покани.
На овој настан, Apple ќе ги претстави iPhone 17, iPhone 17 Air, iPhone 17 Pro и iPhone 17 Pro Max. Компанијата го избра слоганот „awe dropping – fit it?“ за таа пригода.
Презентацијата на серијата iPhone 17 ќе се одржи во аудиториумот на театарот „Стив Џобс“ во „Епл Парк“ во Купертино во 10 часот наутро по локално време, односно во 19 часот навечер по наше време.
Ѕвездата на шоуто несомнено ќе биде iPhone 17 Air, кој ќе служи како замена за моделот Plus во линијата и ќе биде неверојатно тенок. Неговата дебелина ќе биде помала од 6 милиметри, но тоа не е без последици, бидејќи ќе има само една задна камера и мала батерија. Како ќе се снајде на пазарот, останува да се види.