ChatGPT го користат 700 милиони луѓе неделно, воведувањето реклами не е исклучено

ChatGPT, алатка за вештачка интелигенција, моментално ја користат 700 милиони луѓе неделно, а Open AI не ја исклучува можноста за воведување реклами на својот популарен четбот во одреден момент, изјави лидерот на производите Ник Терли за подкастот Decoder.

Open AI очекува приход од 12,7 милијарди долари оваа година, повеќе од трипати поголем од минатогодишните 3,7 милијарди долари, но фирмата сè уште троши повеќе отколку што заработува, па затоа не очекува да биде профитабилна пред 2029 година, рече Терли.

Компанијата разгледува нови начини за зголемување на приходите, а воведувањето рекламирање е сè уште една од можностите. Терли вели дека рекламата би морала да биде „многу внимателно и со вкус“ интегрирана во ChatGPT.