Ова го покажа новата студија објавена во списанието „Енвајронментал Рисирч“ (Environmental Research), со анализа на нивоата на т.н. „вечни хемикалии“ кои се присутни кај слатководните риби.
Јадењето една риба уловена од реките и езерата во САД е еднакво на еден месец пиење загадена вода.
Ова го покажа новата студија објавена во списанието „Енвајронментал Рисирч“ (Environmental Research), со анализа на нивоата на т.н. „вечни хемикалии“ кои се присутни кај слатководните риби.
Нивото на невидливи токсични материи, познати и како перфлуороалкaлни и полифлуороалкaлни супстанции (ПФАС), во составот на слатководните риби е 278 пати повисоко отколку кај рибата одгледана за масовна потрошувачка.
Овие хемикалии се користат како средства за создавање отпорност од вода и топлина и се дел од секојдневни предмети како нелепливи тави, текстил, пени за гаснење пожар и пакување за храна. За прв пат се развиени во 1940-тите години.
Тие се неуништливи, што значи дека како супстанци кои загадуваат со текот на времето се насобрале во воздухот, почвата, езерата и реките. Присутни се во храната и водата за пиење, па дури и во нашите тела. Тие се поврзани со бројни здравствени проблеми, вклучувајќи оштетување на црниот дроб, висок холестерол, намалени имунолошки реакции и неколку видови на рак.
„Веќе не можам ни да погледнам риба без да помислам за загадувањето предизвикано од хемикалиите“, вели Дејвид Ендрјус, еден од авторите на студијата.
Студијата е изработена откако од страна на Данска, Германија, Холандија, Норвешка и Шведска до Европската агенција за хемикалии беше поднесен предлогот за забрана на овие хемиски супстанци.
Предлог регулативата е најсеопфатна од ваков вид во рамки на Европската Унија.